ДЕКАНОТ НА ФСН ПРОФ. Д-Р. СУНАЈ РАИМИ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ГАБРОВО БУГАРИЈА

Габрово, Бугарија, октомври 2021 година Од 18 до 22 октомври, деканот на Факултетот за општествени науки проф. д-р. Сунај Раими беше во работна посета на Техничкиот универзитет во Габрово, Бугарија, каде пред студентите на Факултетот за општествени науки одржа предавање подготвено за студентите и наставниците.

Работната посета на деканот проф. д-р. Сунај Раими беше дел од Европската програма Еразмус плус.

За време на овој неколкудневен престој, деканот Раими се сретна со надлежните на Универзитетот во Габрово, проректорот на универзитетот, Лилјана Русанова, деканот и продеканот на Факултетот за општествени науки, кои во пријателски разговор ги информираа за работата, структурата и активностите на Универзитетот „Мајка Тереза ” во Скопје.

На оваа топла академска и пријателска средба се разговараше за продолжувањето на мобилноста на академскиот кадар и студентите на двата универзитета, но и за продлабочување на меѓусебната соработка за организирање научни конференции и заеднички проекти.

Во оваа прилика, проф. д-р. Сунај Раими на проректорот и деканот им донираа негова авторска книга објавена на македонски јазик, со логото на УМТ и поддржано од Министерството за култура на РСМ. Додека три примероци од оваа книга беа донирани на Библиотеката на овој универзитет, за потребите на студентите и другите читатели.