Стразбург, 𝟎𝟗 ноември 𝟐𝟎𝟐𝟏 М-р. Блерант Рамадани, предавач на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје при Факултетот за технички науки, од 8 до 10 ноември присуствуваше на важен настан на Европскиот совет „СВЕТСКИ ФОРУМ ЗА ДЕМОКРАТИЈА“ кој се фокусира на дилемата дали демократијата може да ја спаси и заштита животната средина!?
Во рамките на овој форум се организираат две лабораториски сесии на кои се дискутираат над 10 различни теми поврзани со демократија, креирање политики, заштита на животната средина и различни теми.
Главната цел е преку дискусии и анализи на експерти и претставници на различни меѓународни институции, да се истражат можностите за изнаоѓање решенија за тоа како можеме да ја заштитиме животната средина и да го запреме глобалното затоплување преку креирање на политики на национално и меѓународно ниво.
Предавачот Блерант Рамадани е дел од Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, исто така тој е докторант на Факултетот за електротехника и информациски технологии, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.