Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, акад. Изед Зеќири оствари работна средба со предавачот од Универзитетот во Приштина, проф. д-р Агрон Пајазити. На средбата, ректорот Зеќири го информираше проф. Пајазити за академската дејност на УМТ.

На средбата беше договорено предавачот Пајазити да придонесе за развојот на квалитетот во научните лаборатории на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, со цел на студент(к)ите да им се обезбеди подобра студиска средина, а УМТ да создаде мост со деловната заедница во земјата и пошироко.

д-р Агрон Пајазити моментално предава на Факултетот за технички науки при УМТ.

By