Ректорот Зеќири во име на УМТ прифати донација на повеќе од 700 научни публикации

Скопје, 22.09.2022 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, одржа работна средба со делегација предводена од претседателот на Албанскатa академија на науките, академик Скендер Ѓинуши.

Ректорот Зеќири, го запозна претседателот на Албанскатa академија на науките, академик Скендер Ѓинуши, за развојот на УМТ, а изрази и благодарност за збогатувањето на Универзитетската библиотека со донација на повеќе од 700 научни публикации и му подари плакета за благодарност за придонесот и соработката со Универзитетот „Мајка Тереза“ во областите и науките од заеднички интерес.

Академик Скендер Ѓинуши изрази благодарност до ректорот Зеќири за меѓусебната соработка, посакувајќи што поскоро договорот да се спроведе и соработката да започне.

Со овој договор, УМТ и ААН, имаат за цел да ја подобрат взаемната меѓуинституционална соработка, како и помеѓу нивните составни структури, при тоа дефинирајќи ги основните приоритети на соработка и начинот на нивно спроведување, согласно важечкото законодавство и универзално прифатените принципи и заеднички интереси.

Основниот владејачки принцип за соработката на ове две институции е академската слобода и универзитетската автономија. УМТ и ААН ќе соработуваат почитувајќи се меѓусебно во индивидуалната активност законски регулирана според прописите, а при тоа ќе се залагаат за зачувување и развивање на најуспешните традиции, преку иницијативи, проекти и заеднички академски и научно-истражувачки активности. Во заедничките активности, но и во сите други активности, обете институции го прифаќаат и почитуваат Европскиот кодекс на однесување за интегритет на истражувањето.

Обете институции имаат критички и негативен став кон сите облици на плагијаторство и псевдонаука.

By