Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. Др. Изет Зеќири денеска беше домаќин на работна средба со ректорот на Американ колеџ во Скопје, проф. Др. Марјан и. Бојаџиев, со кого разговараа за теми од заеднички интерес.
Двајцата соговорници информираа за функционирањето на двете високообразовни институции, студиските програми и академскиот развој на младите во земјава.
Зеќири и Бојаџиев се договорија за можна соработка во иднина.