Скопје, 09.11.2022 – Во рамките на програмата Еразмус+, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, под раководство на секторот за меѓународни односи како и заедно со координаторите на програмата Еразмус+ на Факултетот, ги информираа студентите за актуелниот повик за мобилност на студентите за студии и практична работа во странство. 

Овој состанок се одржа во двата објекти на УМТ, каде студентите имаа можност да се информираат за програмата, тековните повици, критериумите и процедурите за аплицирање и беа охрабрени да аплицираат и да ја искористат оваа можност. 

Студентите покажаа висока интерактивност на оваа средба и беа информирани дека повикот за аплицирање е отворен во канцеларијата за меѓународни односи во ректоратот каде што сите вработени им стојат на услуга и поддршка во секоја фаза од аплицирањето. 

By