Скопје 17.11.2022 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ја организираше промоцијата на следната книга на проф. д-р. Енвер Абдулахи „Во потрага по социолошкото јас во делата на Ервинг Гофман, “.
Книгата беше промовирана во просториите на УМТ во пресрет на ноемвриските празници, а на промоцијата присуствуваа раководството на УМТ, професори и гости од министерството за образование и наука и министерството за култура.
Рецензентите на книгата „Во потрага по социолошкото јас во делата на Ервинг Гофман, “ социолозите проф. д-р. Сунај Раими и доц. д-р. Мурат Алиу третирањето на оваа тема од страна на професорот Абдулаи го сметаат за храбар чекор.
„Во оваа книга мајсторски и одлично се толкува филозофијата на социо-семантичката синтагма што Кивисто и Питман ја нарекоа драматуршка социологија на Гофман“,говореше рецензентот Сунај Раими.
Рецензентот Мурат Алиу го оцени трудот како успешен обид да се прикаже нетипичното и високо имагинативно-рефлексивно истражување на дејноста на Гофман. Ова дело, додаде тој, дека на албанските читатели им нуди ретка можност да истражувачите од општествените науки да го применат методот на Гофман во нивните истражувања и студии.
Ректорот проф. д-р. Изет Зеќири во поздравниот говор рече дека со авторот на книгата се познаваа уште од студентските денови и дека неговиот социолошки пристап во справувањето со општествените проблеми отсекогаш бил посебен и единствен. Тој упати честитки до него за оваа храбра анализа и апелираше до студентите да го прочитаат ова дело кое ќе им овозможи да го видат животот од еден поинаков агол.
Авторот на книгата „Во потрага по социолошкото јас во делата на Ервинг Гофман, “ проф. д-р. Енвер Абдулахи рече дека за да ја започне оваа книга, каде што презентирал опис, објаснување и критичка оценка за еден од најголемите американски социолози, Ервинг Гофман, бил мотивиран пред три години. Оваа е прва книгата од ваков вид напишана на албански јазик, а како студент по социологија се соочил со потешкотии во изговарањето на терминологијата.
Делото „Во потрага по социолошкото јас во делата на Ервинг Гофман, “ од проф. д-р. Енвер Абдулахи, е четврто по ред кое УМТ го промовира во контекст на одбележувањето на албанскиот празничен месец ноември.