Во рамките на програмата Erasmus+ Mobility for Training Academic Staff, асистентката Аделина Фејза од Факултетот за градежништво и архитектура престојуваше една недела на Универзитетот Анхалт во Десау, Германија – на Катедрата за архитектура.

За време на оваа мобилност, таа беше целосно интегрирана во наставниот процес на тој универзитет. Покрај академското искуство, таа одржа и неколку други средби, од кои беше инициран договор за соработка помеѓу двата универзитета преку програмата Erasmus+ Mobility, со што ќе создаде можност за студентите од двата Факултетите за градежништво, да посетуваат 1-2 семестар на соодветните универзитети.

Соработката со овој универзитет, кој се рангира многу високо во областа на архитектурата, претставува чекор кон интернационализација и квалитативно поврзување на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

By