Скопје, декември 2022 – Студенти од Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ остварија студиска посета во Европската куќа во Скопје (Europe House Skopje).

Учениците под менторство на професорот Дениз Мемеди имаа можност да се запознаат со услугите кои ги нуди Мисијата на ЕУ, како и да присуствуваат на мултимедијалната изложба „Стаклена соба – Дезинформациите и манипулациите на Интернет“ изложени во просторите на „Европската куќа“ .

Изложбата е подржана и подготвена од меѓународната невладина организација со седиште во Берлин, Tactical Tech, додека во Северна Македонија овој настан е организиран од страна на делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми. Изложбата претставува едукативна инсталација составена од серија на постери, интерактивни апликации и анимации кои им овозможуваат на посетителите да научат повеќе за дезинформациите и улогата на интернет корисниците и нејзино ширење, како и за бизнис моделите, дизајнерските тактики и корисничките навики кои овозможуваат поволна средина за нивно пренесување.

Студентите од УМТ имаа можност да разговараат со домаќинот на изложбата, г-дин Александар Маламед, истовремено одговорен за политички прашања и комуникации во рамките на делегацијата на ЕУ во Скопје, како и со д-р Дениз Мемеди, предавач на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и вработени од Македонскиот институт за медиуми.

By