Студент(к)ите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од Факултетот за социјални науки, на студиската програма “Спорт и спортски науки“, беа дел од посетата и студиската пракса во џудо клубот „Миоки“ предводени од м-р Седат Бафтија.
Тренерот м-р. Игор Пашоски ги запозна студент(к)ите од блиску со практичниот дел на џудото, изведувањето на различни техники, тренажниот процес во спортот џудо како и важноста на џудото во формирањето и развојот на личноста на поединецот.
Ваквите соработки им помагаат на студент(к)ите да го применат своето знаење, подобро да ја разберат важноста на професијата што ја одбрале и нејзината улога во индивидуалната и социјалната благосостојба.