Скопје, 14.02.2023 год. – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно го заврши првиот ден од обуката наменета за академскиот и административниот кадар на тема: „Предизвиците за развој на универзитетот и задоволување на потребите на новите генерации“.

За време на обуката, вработените беа информирани за развојните планови и акциската стратегија за 2023 година, како и за податоците собрани за текот на работата на семестарот од страна на Канцеларијата за квалитет, односно редовноста на одржувањето на наставата и просекот на секој факултет, а беа и анкетирани постигнувањата на студент(к)ите.

Ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, во своето излагање истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се развива во вистинска насока, има успеси во секоја област, но сепак забележан е недостаток во обезбедувањето најдобри услови за студент(к)ите од единствена причина што наставниот процес се одвива во изнајмени објекти.

Ректорот Зеќири зборуваше за развојните предизвици на УМТ, за начините како да се оди напред, како да се развие начин на размислување за да се стане универзитет со повисоки перформанси и како да се зголеми свеста за потребата од одлична услуга и комуникација со студент(к)ите и персоналот како предуслов за задоволство на сите и институционална посветеност.

На обуката имавме можност да ја слушнеме презентацијата на проректорите, претседателот на Сенатот и директорот на Канцеларијата за квалитет кои ги презентираа најдобрите практики за настава, учење и оценување, како и професор(к)ите со највисоки резултати од оценувањето од страна на студент(к)ите, утврдени со евалуацијата од страна на студент(к)ите на летниот и зимскиот семестар од учебната 2022/2023 година.

На обуката се истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје треба да се развива согласно средината што го опкружува, бидејќи врз основа на локацијата во центарот на главниот град, понудата на целосно академски дефицитни области, три нови факултети, вклучувајќи го и Факултетот за хуманистички науки кој нуди студиски програми како што се: албански, македонски и англиски јазик и литература, треба да биде сериозен конкурент за секој јавен, но и приватен универзитет во земјава.

By