Скопје, февруари 2023 –Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се здоби со уште еден доктор на науки. Блерта Кондри од Факултетот за технички науки при УМТ успешно ја одбрани докторската дисертација со наслов „Економските последици од светската финансиска криза (2007-2008) и кризата Ковид-19: студии на случај Земјите од Западен Балкан“, на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје со што се стекна со звање доктор по економски науки.

Целта на трудот беше теоретско и емпириско истражување на економските последици предизвикани од двете најголеми кризи во XXI век кои негативно се одразија не само на економијата на овие земји туку и на глобалната економија во целина.

Помеѓу адекватните економетриски методи и избраните макроекономски варијабли, самиот трудот извлекува важни заклучоци за нивното влијание врз земјите од Западен Балкан со посебен акцент на Република Северна Македонија, со тоа придонесува за емпириската литература бидејќи е една од првите обиди за паралелно третирање на двете големи кризи помеѓу динамичката анализа и некои економетриски модели.

Докторската дисертација се одбрани во присуство на рецензентската комисија, проф. д-р. Михаил Петковски (ментор), проф. д-р. Сузана Макресанска Младеновска (претседател на комисија), проф. д-р. Борче Треновски (член), проф.д-р. Елена Наумовска (член), проф. д-р. Кирил Јовановски (член).

Подигнување на професионалниот кредибилитет на новиот академски кадар не е добра вест само за нас, туку и за студентите и воопшто за целото општество.

By