Загреб, март 2023  Проректорот за наука проф. др. Беким Фетаји, кој заедно со ректорот, проф. д-р Изет Зеќири се во работна посета на Универзитетот за современи информатички технологии во Загреб, денеска во контекст на Програмата „IDADOHS“ на проектот Еразмус плус, одржа интерактивно предавање пред студентите по современи информативни технологии. 

Предавањето се одржа по потпишувањето на меморандумот помеѓу УМТ и ВСИТ од Загреб, а предизвика голем интерес кај студентите. 

За време на работната посета на Загреб, делегацијата на УМТ предводена од ректорот проф. д-р Изет Зеќири, беше примена од амбасадорот на Северна Македонија во Хрватска, Н.Е. Милаим Фетаји. 

By