СЕМЕЈСТВОТО E НАЈВРЕДНОТО НЕШТО ВО ОПШТЕСТВО

Скопје, мај 2023 година Во рамките на Меѓународниот ден на семејството, Катедрата за социјална работа и социјална политика при Факултетот за социјални науки на УМТ, организираше панел дискусија под раководство на професорките доц. д-р Калтрина Зеколи Шаќири в.д. декан на Правниот факултет, доц. д-р Елисабета Ологу професорка на ФСН, и како почесена гостинка на панел дискусијата беше г. Шермин Мамут, директорка на Домот за стари лица „Милица“.

Тема на дискусија оваа година беше „Грижата за старите лица, социјалните политики и пазарот на приватни социјални услуги во Република Северна Македонија“.

Доц. д-р Елисабета Ологу рече дека одбележувањето на Денот на семејството годинава е посветено на грижата за најкревката категорија на општеството, старите лица, на кои им е потребна помош од социјалните работници.

Доц. д-р Калтрина Зеколи Шаќири в.д. Деканот на Правниот факултет рече дека семејството е заштитено со највисоките државни акти, а Европската унија ги поддржува и државните и приватните организации чија дејност е социјалната грижа.

Директорката на Домот за стари лица „Милица“, Шермин Мамут, на студентите им рече дека домовите за стари лица се социјални установи кои обезбедуваат домување, здравствена заштита и социјална заштита на старите лица над 65 години, додавајќи дека институцијата што таа ја води започнала со работи во 2010 година и има капацитет за 39 лица, меѓу кои има домари, медицински сестри, готвачи, чистачки и социјални работници. Вие како социјални работници можете да го промените светот за една личност и така секогаш ќе имате некој кој ќе се моли за вас.

Генералното собрание на ОН, 15 мај го прогласи за Меѓународен ден на семејството, со цел да се подигне свеста за семејните проблеми и прашања и да им се помогне да добијат важна улога во политиките на земјите-членки. Целта на одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството е да се промовира семејството и семејните вредности, да се промовира еднаквоста меѓу жените и мажите во семејството, да се заштити семејството како основна единица на општеството и да им се помогне на семејствата да ја исполнат својата одговорност кон заедницата.

By