Во рамките на Еразмус+ програмата, двајца професори на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Неритан Туркеши и проф. д-р Шпетим Реџепи, остварија работна посета на Универзитетот „Сабахатин Заим“ во Истанбул, Турција.
Деканот на Факултетот за технички науки, проф. д-р Неритан Туркеши, одржа предавање на тема „Инфлацијата и монетарната политика“, со посебен акцент на улогата на монетарната политика и нејзиното влијание врз нивото на инфлација преку контрола на паричната маса и каматните стапки. Проф. Тукреши се осврна и на централните банки каде се користат инструменти како на пример каматни стапки и минимални резерви за регулирање на протокот на пари во економијата.
Проф. д-р Шпетим Реџепи, пак, за студент(к)ите на Универзитетот „Сабахатин Заим“ во Истанбул, Турција, одржа едукативно предавање на тема „Нумерички низи, концепт на границата“.