Скопје, декември 2023 – На отворениот конкурс на Факултетот за хуманистички науки, Економскиот факултет и Правниот факултет од пријавените кандидати, Наставно научниот совет со тајно гласање на 19.12.2023 ги избра новите декани.

Проф. д-р. Мустафа Ибрахими беше избран за декан на Факултетот за хуманистички науки, вон. проф. д-р. Букурије Имери Јусуфи, декан на Економскиот факултет, и вон. проф. д-р. Аргетим Салиу, декан на Правниот факултет. Сенатот на Универзитетот Мајка Тереза во Скопје на 21.12.2023 ги одобри одлуките усвоени од Наставно научниот совет на трите факултети.

Со започнување со работа на трите ново отворени факултети, академскиот и административниот кадар продолжи со посветеноста за зголемување на квалитетот во високото образование, каде што студентите моментално студираат на осумте факултети и тоа на: Факултетот за градежништво и архитектура, Факултетот за технички науки, Факултетот за технолошки науки, Факултетот за информатички науки, Факултетот за социјални науки, Факултетот за хуманистички науки, Економскиот Факултет и Правениот факултет, со вкупно 39 студиски програми

By