Приштина, Декември – Делегација од Универзитетот Мајка Тереза во Скопје составена од деканот на Факултетот за социјални науки, вон. проф. Дитурије Исмаили во својство на менаџер на проектот, деканот на Факултетот за технолошки науки вон. проф. Сани Демири и професорката Емира Имери учествуваа на првата “kick off” информативна средба на проектот “Merging Fashion and Tradition for Sustainable Style” (Спојување на модата и традицијата за одржлив стил), која се одржа во колеџот Универзум во главниот град на Косово, Приштина.

Проектот има за цел да ги зголеми капацитетите за плетење на традиционалната и модерната мода во соработка со други неуниверзитетски актери, со што ќе се овозможи вработување и претприемништво на младите во овој сектор.

Овој проект ќе се имплементира во следните две години, а е координиран од колеџот Универзум Косово, додека Универзитетот „Мајка Тереза“ е во улога на партнер кој ќе дава стручност на својот кадар во обуката обезбедена во рамките на работните пакети.

By