Скопје, 22.01.2024 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација во РСМ денеска потпишаа Меморандум за соработка за создавање и поддршка на билатералната соработка меѓу двете институции.

Меморандумот за соработка го потпиша ректорот на УМТ, проф.д-р. Изет Зеќири и министерот за информатичко општество и администрација г. Азир Алиу.

Целта на овој меморандум е нашите студенти и професори сега да имаат можност да се вклучат во широк спектар на заеднички активности, како што е продлабочување на соработката помеѓу професорите и персоналот на УМТ и MИОА во однос на размена на искуства и знаења, изготвување на законски решенија и нивна успешна имплементација, заеднички истражувачки напори, учество и организација на семинари, конференции и различни академски активности.

By