Скопје, 31.01.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф.д-р. Изет Зеќири придружуван од раководителот на Канцеларијата за квалитет проф.др. Зоран Трифунов денеска на работна средба му беше домаќин на ректорот на Американ Колеџ Скопје (University American College Skopje), проф.др. Марјан Бојаџиев.
На средбата двајцата ректори разговараа за општата состојба во високото образование, начините за негово унапредување како и за продлабочувањето на соработката меѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје и Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје.
Двајцата ректори разговараа за можностите за соработка за размена на наставно-научни искуства меѓу двата универзитета, со цел зголемување на научното и истражувачко ниво, како и за ефикасноста на наставата, начините на градење студиски програми, истражување во научно-истражувачката дејност, како и за области и теми од заеднички интерес.