Во рамките на кампусот на УМТ ќе се изгради Регионален едукативен центар за обука за електрични и хибридни возила

УМТ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НОРВЕШКАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ ВОЗИЛА ‘𝐄𝐕 𝐇𝐔𝐁 𝐀𝐒’

Скопје 14.03.2024 Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска потпиша меморандум за соработка со норвешката компанија за производство на електрични и хибридни возила EV HUB AS, преку која ќе се создаде првиот едукативен и регионален тренинг центар за електрични и хибридни возила, според сите светски и европски стандарди.

Позитивните ефекти од соработката ќе се одразат како на нивото на техничко-технолошкиот развој на Универзитетот и на Факултетот за технички науки, во унапредувањето на знаењата на студентите и во развојот на потребните практични знаења за подготовка на студентите за побрзо вклучување на пазарот на работа и со тоа подобрување на капацитетите и конкурентноста на компаниите.

Студентите ќе имаат можност да се запознаат со начинот на функционирање и работат на компанијата, која е светски лидер во поправка на високонапонски делови на електрични и хибридни возила, како и ќе имаа можност да го покажат своето знаење и на тој начин да ја осигурат својата иднина со вработување во компанијата, додека предностите на Универзитетот се состојат во тоа што покрај професионалното знаење на студентите ќе може да им понуди и практично работно искуство како дел од наставата, со што би се зголемила можноста за нивно вработување.

Во рамките на овој меморандум, во рамките на кампусот на УМТ ќе биде отворен регионален центар за обука за електрични и хибридни возила.

Пред потпишувањето на меморандумот, претставниците на ‘EV HUB AS’ направија генерална презентација на компанијата. Меморандумот за соработка помеѓу УМТ и норвешката компанија „EV HUB AS“ го потпишаа ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири и претставникот на компанијата Зоран Темелковски.

By