Скопје, 08.04.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р Изет Зеќири на работна средба ги пречека двајцата студенти од Економскиот факултет Диедон Рамадани и Џихад Шабани.

Студентите Рамадани и Шабани од насоката „Применета економија и претприемништво“ при УМТ го освоија второто место на конкурсот организиран од Комисијата за хартии од вредност во Република Северна Македонија за најдобар научен труд, Конкурс кој распределува годишна награда за млади истражувачи за најдобра работа од областа на пазарот на капитал е активност која е предвидена во програмата за работа за 2023 година на Комисијата за хартии од вредност, со цел да го промовира развојот на научната мисла и производството на трудови од областа на пазарот на хартии од вредност, како и афирмација на нов и стручен кадар, со што ќе се зајакне институционалната општествена одговорност од сите аспекти на својата дејност.

Под менторство на вон. проф. д-р Букурије Имери Јусуфи и вон проф. д-р Рилинд Адеми студентите со наслов на тема: „ОБИД ДА СЕ ПРЕДВИДИ ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА МАКПЕТРОЛ АД СКОПЈЕ ПРЕКУ СТАТИСТИЧКИОТ МОДЕЛ АРИМА И ВЛИЈАНИЕТО НА РУСКО-УКРАИНСКАТА ВОЈНА ВРЗ ЦЕНАТА“, го обезбедија второ место за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Ректорот Зеќири, во знак на благодарност на двајцата студенти Диедон Рамадани и Џихад Шабани, им врачил благодарница за нивните достигнувања и за издигнувањето и унапредувањето на научниот придонес на УМТ, како и ги охрабри да продолжат да не прават горди низ следните предизвици.

By