Гостивар, април 2024 година Во рамките на промотивните активности на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, академскиот кадар под раководство на предавачот Доц. д-р Арта Џелили како и Доц. д-р Мирлинде Билали од Факултетот за социјалнии науки, го посетија средното општинско училиште „GOSTIVARI“ во градот Гостивар.
За време на оваа информативна презентација, присутните имаа можност да дознаат повеќе за студиските програми на УМТ, вклучувајќи ги програмите на секој факултет, барањата за прием, тековните искуства на студентите и многу повеќе.
Посебен интерес студентите покажаа за програмите на Економскиот факултет, Факултетот за информатички и технолошки науки.
Матурантите беа задоволни од информациите за можностите на студирање и програмите кои ги нуди УМТ, а со тоа им помага да донесат правилна одлука за својата професија и иднина.