Скопје, 15.05.2024 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска по трет пат го организира Саемот за кариера на кој се сретнаа бизнис заедницата претставена од 25 приватни компании и апсловентите од различни студиски програми на УМТ.

Организаторот на овој настан, ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири рече дека идејата за развој на овој саем е да се воспостават првите контакти меѓу работодавачите и потенцијалните вработени, а по заедничка анализа со почитуваната бизнис заедница, УМТ ќе ги дизајнира и студиските програми.

“УМТ ќе соработува со своите партнери во текот на целата академска година, додека студиските програми ќе бидат дизајнирани според потребите и барањата на пазарот на трудот. Имаме дефицитни студиски програми за пазарот на трудот, а студентите, а особено апсолвентите се подготвени за реалниот сектор од првите години на студирање“, рече Зеќири.

Почесниот гостин на Саемот, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г-дин Менди Ќира, рече дека и покрај тоа што голем број граѓани бараат работа во Заводот за вработување, пазарот на трудот сеуште има потреба од работници.

“Имаме податоци дека и покрај тоа што 103.000 лица бараат работа во Заводот за вработување, бизнисот бара околу 25.000 различни работници, стручен и едноставен кадар, а тука има нејаснотии бидејќи од една страна работа бараат 103 илјади лица, а бизнисот не може да најде 25 илјади работници, “, рече г-дин. Мнеди Ќира, додавајќи дека и платите треба да се зголемат со формулата дека бизнис заедницата да дава минимална плата од 500 евра, додека владата треба да ги намали придонесите кои се највисоки во регионот.

Претседателот на Конфедерацијата на бизниси г-дин. Миле Бошков рече дека најважно е студентите да учат и работат во својата татковина и дека треба да создаваат вредности за себе, за своето семејство и за општеството.

,,Неизбежно е да се истражува меѓу компаниите кои се најдобри за вас студентите и која ќе биде вашата професија и вашиот професионален пат, но не заборавајте дека најважно во животот е вашата семејна култура да ја вклучете во вашата професија и тоа што го правите во животот да бидете впечатливи и пример за другите“, рече г-дин Миле Бошков.

На Саемот за кариера 2024 учествуваа компаниите: Arbëria Dizajn, Eurovia, Moding, Karriera mk, Стопанската Комора на Северозападна Македонија, Trim and Lum, EVN, Seavus, Tempo Neting School, Neptun, Semos Edukacija, Albiz Foundation, Dauti Shped, Dauti Komerc, Alma M, JUS MB, BE-DA Logistics, ZSF Company, MALIQI GROUP и Бизнис Конфедерација на Македонија.

By