Скопје, октомври 2024 година – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, при Факултетот за информатички науки, успешно се одржа отворено предавање со извонредниот експерт од Технолошкиот институт Рочестер, професорот Debabrata Samanta, на тема: „Суштинските основи на сајбер безбедноста базирани во IA, за да се заштитиме себеси и нашите информации“
На професорот Debabrata Samanta му посакаа добродоје проректорот за наука на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји и деканот на Факултетот за информатички науки доц. д-р Мајлинда Аџиу во знак на благодарност за развојот на стручното предавање за студентите по информатички науки.
Презентацијата на професорот Debabrata Samanta се фокусираше на најактуелните технологии кои вклучуваат делови од апликација, обраќајќи им се на студентите и на членовите на факултетот за критичниот спој на вештачката интелигенција и сајбер безбедноста.
Професорот Debabrata Samanta вбројува истакнати достигнувања од областа на информатиката, поседува 22 патенти и 4 индиски патенти за дизајн и 2 австралиски патенти, исто така поседува и 16 индиски патенти кои се објавени и 2 авторски права. Професорот Debabrata Samanta е автор и коавтор на над 247 истражувачки трудови во меѓународни списанија (SCI/SCIE/ESCI/Scopus), и конференции вклучувајќи IEEE, Springer и Elsevier Conference Proceedings. Тој ја доби наградата „Scholastic Award“ на 2-та меѓународна конференција за компјутерски науки и ИТ-апликации, CSIT-2011, Делхи, Индија.
На ова отворено предавање, студентите од Факултетот за информатички науки при УМТ имаа можност да се информираат од искуството и стручноста на професорот Debabrata Samanta, како и да разменат мислења на еден поинаков начин.