Скопје, 27.01.2025 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, на работна средба го пречека заменик министерот за образование и наука, г-дин Лулзим Алиу.

За време на средбата, ректорот Зеќири го информираше г-дин Алиу за напредокот и последните случувања на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, вклучително и организацијата на наставниот процес за прв и втор циклус на студии, реформите преземени за подобрување на квалитетот на високото образование, како и истражувачките проекти и меѓународна соработка на универзитетот.

Од друга страна, заменик министерот Лулзим Алиу, придружуван од неговите соработници, г-дин Ахмед Ќазим и г-дин Агим Рамадани му се заблагодари на ректорот Зеќири за неговата неуморна посветеност и придонес во унапредувањето на високото образование во државата. Тој ја нагласи континуираната поддршка на Министерството за образование и наука за Универзитетот „Мајка Тереза“ и вети дека соработката меѓу Министерството за образование и наука и УМТ дополнително ќе се интензивира.

На средбата се разговараше за актуелните предизвици во високото образование и стратешките приоритети, вклучувајќи го и развојот на академската инфраструктура на УМТ.

На оваа средба беше подвлечено значењето на дијалогот и блиската соработка меѓу универзитетите и државните институции за да се обезбеди посветла иднина за високото образование во Република Северна Македонија.

By