Скопје, 04.02.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири во работниот кабинет ги пречека студентите од програмата Спортски науки кои со голема гордост го донесоа медалот за освоено прво место на натпреварите од Интеруниверзитетската футсал лига за нашиот универзитет.

Ректорот Зеќири, придружуван од проректорот за меѓународни односи, проф. д-р Блерим Саити се заблагодари на футсал тимот предводен од професорите Агон Саити и Мухамер Абдулаху. Со својата посветеност, стратегија и професионално лидерство, тие го отворија патот до овој важен триумф за УМТ.

Овој успех не само што претставува спортско достигнување, туку и ја докажува посветеноста и талентот на студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Оваа победа ќе послужи како мотивација за идните генерации универзитетски спортисти и како одличен пример за напорна работа и тимски дух.

By