Скопје, 12.03.2025 – Процесот на гласање за ректор за мандатот 2025/2028 година успешно се спроведува во сите академски единици на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Двајцата кандидати за функцијата ректор, проф. д-р Беким Фетаји и проф. д-р Блерим Саити, нивната трка се одвива на рамноправен и транспарентен начин, почитувајќи ги сите правила за високото образование и статутот на УМТ.

Процесот на гласање продолжува во смирена и демократска атмосфера со што се гарантира учество на сите професори со право на глас во рамките на статутот и Законот за високо образование.

Централната изборна комисија при УМТ им се заблагодарува на сите учесници во овој изборен процес за уакажаната посветеност и одговорност, посакувајќи им успех во заедничката мисија за унапредување на високото образование.

За дополнителни информации и детални анализи за изборите, односно прелиминарните и конечните резултати, навремено ќе биде информирана целата јавност.

By