Скопје, 09.05.2025 – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, во организација на Факултетот за хуманистички науки, се одржа промоција на најновата книга на проф. д-р. Наим Криезиу, насловена: „Афоризми и цитати“, избрани и преведени од познати германски, австриски и швајцарски автори.

По тој повод, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји ја истакна важноста од збогатување на литературниот и филозофскиот фонд на албански јазик и улогата на книгите во поттикнување на критичкото размислување кај студентите и истражувачите.

Декан на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими го охрабри придонесот на авторот како модел на академска и меѓукултурна ангажираност, додека проф. д-р Изер Максути додаде дека делото претставува успешна врска помеѓу лингвистиката, филозофијата и европската култура.

Во својот говор, авторот проф. д-р Наим Криезиу, предавач на Универзитетот во Приштина, го сподели своето искуство и мотивите кои го навеле да избере мудри мисли од германската литература, преведувајќи ги на албански јазик со прецизност и јазична чувствителност.

За време на промоцијата, присутните имаа можност да дискутираат за важноста на афоризмите и цитатите во образованието, преводот и културната медијација. Книгата е резултат на неколкугодишна работа и нуди богатство од изрази со трајни филозофски и образовни вредности.

By