Скопје, 20.05.2025 – Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје организираше отворено предавање со реномираниот меѓународен предавач, проф. д-р Суплаб Канти Подер, која одржа презентација на тема: „Стратегии за стартапите во балканскиот регион“.

Оваа активност беше развиена во рамките на иницијативите за зајакнување на врската помеѓу високото образование и развојот на иновациите во регионот, обезбедувајќи им на студентите и академскиот кадар непосредно знаење од експерти од областа на технологијата и претприемништвото.

Предавањето го поздрави ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, кој во својот говор му се заблагодари на професорот Подер за споделувањето на неговото богато искуство со студентите и универзитетскиот кадар. Тој ја нагласи важноста на интернационализацијата и размената на знаење за професионалниот развој на студентите и зајакнувањето на академските институции во регионот.

Во знак на благодарност, ректорот Фетаји му додели сертификат на проф. д-р Суплаб Канти Поддер за неговиот придонес во унапредувањето на знаењето и промоцијата на претприемачкиот дух кај младите луѓе во Северна Македонија.

Овој настан го организираше деканот на Факултетот за информатички науки, доц. проф. д-р Мајлинда Аџиу, која им се заблагодари на присутните и ја истакна важноста од продолжување на ваквите соработки кои силно придонесуваат за стручното оспособување на студентите и проширувањето на меѓународната академска соработка.

УМТ останува посветен на обезбедување на нови можности за студентите, преку предавања, обуки и соработки со експерти од целиот свет.

By