Тирана, 26.09.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, учествуваше на 20-тиот годишен меѓународен јубилеен состанoк на тема: „Придонесот на научната дијаспора кон интеграцијата во европскиот простор на научни истражувања и националното високо образование“, организиран од Институтот Алб-Шкенца, во соработка со Академијата на науките на Албанија и Факултетот за природни науки при Универзитетот во Тирана.
Ректорот Фетаји беше придружуван од проректорот вонр. проф. д-р Фати Исени, деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими и г-дин Дритон Зендели.
Делегацијата на УМТ, предводена од ректорот Фетаји, беа дел од првиот панел на кој трудовите беа преставени и поделени на три научни панели. На првиот панел се дискутираше на тема „Научните истражувања пред развојот на високото образование, улогата и придонесот на албанската научна дијаспора за интеграција во европскиот истражувачки и образовен простор“, на вториот панел тема на дискусија беше „Поддршка на истражувачките институции за развојните приоритети“, додека на третиот панел се дискутираше на тема „Научните истражувања и предизвиците на албанологијата во 21 век: Традиција и иновации“.
Учеството на делегацијата на УМТ на овој научен форум претставува јасен доказ за посветеноста на Универзитетот за зајакнување на истражувачките капацитети и активно придонесување кон развојот на меѓународната научна соработка, како и кон интеграцијата на албанското високо образование и научните истражувања во европскиот простор.
