Тирана, април 2026 година – Со официјална покана од Владата на Република Албанија, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, учествува на работите на IV Самит на албанската дијаспора, кој се одржува во Тирана под мотото „Преку корените се издигнуваме“.
На овој значаен сеалбански настан, ректорот Фетаји е придружуван од раководниот тим на УМТ, составен од проректорите вон. проф. д-р Фати Исени и вон. проф. д-р Сани Демири, како и од м-р Дритон Зендели.
Главниот фокус на учеството на делегацијата на УМТ е „Дијаспората и научно-истражувачката дејност“, кој се одвива под покровителство на Министерството за образование. Овој панел ја обработува улогата на академската дијаспора во унапредувањето на високото образование и можностите за заеднички истражувачки проекти меѓу истражувачите во дијаспората и нашите академски институции.
Овој самит обединува професионалци, академици и истакнати личности од целиот свет, со цел да се води дискурс за виталната улога и стратешкиот придонес на дијаспората во сеопфатниот развој на сеалбанскиот простор.
Учество на УМТ на овој самит има за цел институционализација на албанската научна соработка во светот, со цел модернизација на истражувањето и зголемување на квалитетот на иновациите во рамките на нашиот академски простор.
