Скопје, јуни 2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беше домаќин на завршниот состанок за напредокот и институционалните презентации на меѓународниот научен проект „AI4CUAV“ (Вештачка интелигенција за детекција, класификација и заштита на критична инфраструктура од беспилотни летала), реализиран во рамките на програмата на NATO „Наука за мир и безбедност“ (SPS).

Богатата научна агенда на денот започна со официјалното отворање од страна на ректорот на УМТ, Беким Фетаји, и директорот на проектот за земјите членки на NATO, Alessandro Cantelli-Forti. Во првиот дел беа одржани главни предавања за заканите од дронови и нивното вооружување за терористички цели од страна на Никола Манев и Кире Бабановски.

Техничките презентации понудија напредни решенија базирани на вештачка интелигенција, вклучувајќи системи за детекција со радар претставени од Amir Hosein Oveis, електро-оптичко следење презентирано од Озге Бујукдагли, како и платформи засновани на вештачка интелигенција претставени од истражувачите Деа Кацоли, Таулант Дема и Ветон Рушити.

Ректорот на УМТ, Беким Фетаји, потенцираше: „Универзитетот ‘Мајка Тереза’ има неоспорлива улога во научните истражувања за европската и трансатлантската безбедност. Работата презентирана денес претставува вистинско спојување на машинско учење, обработка на сигнали и оперативно безбедносно размислување.“

Научниот тек и одвивањето на презентациите на проектите беа водени со високо професионално ниво од Едмонд Јајага, обезбедувајќи ги највисоките академски стандарди што ги бараат програмите на NATO.

Настанот ги обедини научниците и безбедносните експерти од Италија, Босна и Херцеговина, Косово, Украина и Северна Македонија за да ги претстават најновите технолошки решенија во одбраната од дронови.

По презентацијата на прототипите на универзитетот, агендата продолжи со практична контролна демонстрација на терен, на полигонoт во Стенковец.

By