Скопје, октомври 2026 година – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, успешно се реализираше акцијата за доброволно дарување крв, иницијатива која веќе се зацврстува како вредна традиција на хуманост, општествена одговорност и солидарност во нашата институција.

Оваа хуманитарна акција беше организирана во тесна соработка со Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Чаир, при што академската заедница на УМТ, вклучувајќи ги студентите, наставниот и административниот кадар, покажа висока граѓанска свест, масовно одговарајќи се на оваа благородна иницијатива за спасување човечки животи.

Успешната реализација на овој настан втора година по ред ја потврдува континуираната посветеност на УМТ кон негувањето на хуманите вредности и давањето директен и значаен придонес во поддршката на здравствениот систем и општеството.

By