Скопје, август 2026 година – Во својот работен кабинет, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, на работна средба го пречека г. Садудин Абдурамани, заменик-директор на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ во Скопје.
За време на средбата, ректорот Фетаји, придружуван од генералниот секретар на УМТ, д-р Раим Јашари, го информираа г. Абдурамани за текот на градежните работи и севкупниот развој на универзитетската инфраструктура, како и за подготовките што се преземаат за почетокот на новата академска година.
Во оваа пригода, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, срдечно му се заблагодари на заменик-директорот г. Садудин Абдурамани за континуираната поддршка од страна на институцијата со која раководи. Особено високо беше оценет ангажманот на ЈП „Улици и патишта“ во уредувањето и асфалтирањето на алтернативните пристапни патишта, со што значително се олеснува сообраќајот и се зголемува безбедноста на движењето на студентите, академскиот и административниот кадар на универзитетот.
Од своја страна, г. Садудин Абдурамани ја потврди посветеноста на јавното претпријатие за продолжување на меѓуинституционалната соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, со цел создавање што помодерни и подостапни услови во служба на академската заедница и граѓаните.
