ГОЛЕМ ИНТЕНЗИТЕТ НА ЗАПИШУВАЊЕ НА УМТ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Скопје, 26 август 2021 година- На вториот ден од првиот уписен рок, продолжува со зголемен интензитет запишувањето на матурантите за студирање на петте факултети на УМТ, единствениот јавен Универзитет на албански јазик во главниот град.

 

Ректорот, проф. д-р. Азиз Положани, академскиот и административниот кадар денеска одблизу ги посетија потенцијалните студенти при нивното запишување на петте факултети на УМТ. Ректорот Положани на кандидатите им посака успех во нашиот Универзитетски храм и им препорачаа љубовта кон студиите да биде дел од приоритетите во нивните животи.

 

Рокот за запишување завршува на 30 август 2021 година. Интересот за продолжување на студиите на петте факултети следува во сите 28 студиски програми, кои се дефицитарни на пазарот на трудот.

Распоредот за запишување на прв циклус студии:

 

Ректорат (Во зградата на Сојузот на синдикати на РСМ)

Факултет за градежништво и архитектура- од 9:00 -11: 00 часот;

Факултет за технички науки – од 11:00 – 14:00 часот и

Факултет за информатички науки – од 14:00 до 16:00 часот

 

Објект Б (о.у Конгреси и Манастирит)

Факултет за социјални науки 👩‍📚 – од 9:00 до 13:00 часот и

👉Факултет за технолошки науки – од 13:00 – 15:00 часот

За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница: www.unt.edu.mk Или конкурсот за пријавување и запишување на следниот линк: https://bit.ly/3xQrdJn