Во рамките на официјалната посета на претседателот на Албанската академија на нуките, академик Скендер Ѓинуши на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, беше реализирана и средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери. Г. Џафери ги пречека делегациите на ААН и на УМТ.
На средбата на која беа присутни делегациите на двете институции, на претседателот Скендер Ѓинуши и на ректорот Изет Зеќири, преседателот Џафери им понуди поддршка за проект од општ интерес. Се дискутираше за активностите што ги преземале двете научни институции и за поппишаниот договор за соработка помеѓу УМТ и ААН.