Скопје, Декември 2022 – Студент(к)ите од четврта година на студиската програма „Социјална работа и социјална политика“ под менторство на проф. д-р. Уриме Демири – Шаипи и проф. Мирлинда Билали, го посетија Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.
Посетата беше реализирана во рамките на предметите Професионална потрошувачка во социјалната работа и Социјална работа со деца и млади во ризик.
Студент(к)ите беа пречекани од директорката на овој завод, г-ѓа Асие Пашоли и од персоналот составен од логопеди и социјални работници, кои со студент(к)ите ги споделија своите искуства од работата со децата со посебни потреби.
Високиот интерес на студент(к)ите за оваа посета беше изразен со поставување на бројни прашања во врска со предизвиците со кои се соочуваат социјалните работници во нивната секојдневна работа, најчестите стресни фактори на работното место и важноста на управувањето со стресот во социјалната работа.
Исто така, студент(к)ите имаа можност да ги посетат просториите на институцијата и од блиску да комуницираат со корисниците на услугите на оваа институција.
Социјалните работници можат да доживеат високи нивоа на стрес и исцрпеност. Изложувањето на студентите на реални ситуации од практиката има за цел не само да ги изгради академските вештини на студентите туку и да ги развие нивните вештини за решавање на реални проблеми на работното место.
Изразуваме посебна благодарност до директорката Асие Пашоли за поддршката што ја понуди во реализирањето на оваа посета.