Скопје, 21.03.2023 По повод „Глобалната недела на парите 2023“, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во координација со Координативното тело за финансиска едукација, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и пензионерското друштво Сава денеска одржа финансиско едукативно предавање на тема „Планирајте ги парите, засади ја својата иднина“ за студентите од различни студиски програми на Факултетот за технички науки.

На предавањето учествуваше деканот на ФТН проф. д-р. Неритан Туркеши и проф. д-р. Букурие Имери Јусуфи, додека претставникот на пензиското друштво „Сава“ од Скопје, м-р. Ајет Реџепи рече дека идејата за организирање на ова предавање е да се дискутира со студентите за личните финансии, како тие треба да бидат мудри кога купуваат, штедат, инвестираат и осигуруваат и како младите да се подготват за во иднина и да размислуваат за пензијата која треба да ја добијат.

Реџепи пред студентите го претстави тристолбниот пензиски систем во земјава, првиот задолжителен столб со кој раководи државниот Пензиско – инвалидски фонд, вториот столб, кој исто така е задолжителен, а со кој управуваат приватни пензиски фондови и третиот столб со кој управува приватна компанија, која дава доброволни пензиски придонеси.

Пензијата се создава од првите два столба, додека парите обезбедени во третиот столб се во целосно на располагање самото лице.

Сите овие столбови и процедури се надгледувани од МАПАС, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, која ги штити интересите на пензионираните членови на пензиските фондови и го промовира развојот на капиталното финансирање на пензиското осигурување поради безбедни пензионерски денови.

Реџепи објасни дека пензиското друштво Сава брои над 255 илјади членови, притоа работи на создавање додадена вредност за членовите на фондовите со кои управува, заштита на нивните интереси, обезбедување на нивните средства и остварување профит со релевантни инвестиции. Фондот инвестира во странски и локални компании, додека четирите приватни пензиски друштва управуваат со вкупно 2 милијарди евра. Студентите од УМТ ќе имаат можност практичниот дел од наставата да го следат во приватните компании за пензиско осигурување.

By