Велес-Долнени, мај 2023 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжува да ја промовира академската понуда пред матурантите низ територијата на Република Северна Македонија. Професорот Мурат Алиу ги посети матурантите од две средни училишта, средното училиште во Велес „Кочо Рацин“ и средното училиште во Долнени, во село Житоше „Рилиндја“.

За време на оваа информативна презентација, матурантите имаа можност да дознаат повеќе за студиските програми на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, условите за студирање, условите за запишување, искуствата на сегашните студенти и можностите за работа и за кариера што ги нудат студиските програми на УМТ.

Матурантите имаа можност да добијат одговор од професорот Мурат Али за своите прашања околу студиските програми и околу студирањето во УМТ. Со впечатокот што ни го оставија матурантите, можеме да заклучиме дека интересот за запишување на УМТ и оваа година ќе биде голем од Велес и Долнени.

УМТ им се заблагодарува на раководствата на средните општински училишта Велес и Долнен за гостопримството и за достоинствената организација за промоцијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

By