Куманово-Липково, мај 2023 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, ја промовираше академската понуда во средните училишта на општините Куманово и Ликово.
Тимот од УМТ составен од доц. д-р Авни Авдиу, доц. д-р Рилинд Адеми, асистент-докторант Нора Лимани, асистент Алмир Рушити, асистент Валон Рамадани, администрација Арбнор Рушити и Самир Исмаили, раководени од координаторот проф. д-р Сунај Раими ги информираа матурантите од овие четири училишта како функцинира систем на УМТ, кои се условите за студирање како и за студиски програми на осумте факултети.
Презентацијата на УМТ пред потенцијалните студенти ги поздравија директорите на учлилиштата во Куманово, г. Нагри Реџепи од Гимназијата „Сами Фрашери“, г-ѓа Лутфије Весели, од Економско училиште „Перо Наков“, г-ѓа Аделина Белули од Техничко-Медицинско училиште „Наце Буѓони“ и г. Исни Алији од Гимназијата „Исмет Јашари“.
Професорите ги информираа матурантите и за предностите од студирањето на првиот државен универзитет на албански јазик во главниот град, како што се локацијата, стручниот кадар, можноста за развој преку грантови и стипендии, пристап до лаборатории, компании и Националната универзитетска библиотека, пристап до многу музеи и уметнички центри.
УНТ му се заблагодарува на раководството на средните училишта во Куманово и Липково, за гостопримството за достонствената организација за презентацијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.