Скопје, септември 2023 година – Професорите од факултетот за градежништво и архитектура при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваа на изложбата БИСТА – биенале на студентите по архитектура, во рамките на пошироката програма на БИМАС што се одржува во Музејот на современата уметност во Скопје.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, поточно факултетот за градежништво и архитектура за прв пат заедно со уште четири факултети за архитектура од земјата презентираа дел од работата на студентите на различни теми и предизвици.
Изложбата БИСТА – биенале на студентите по архитектура, во рамките на пошироката програма на БИМАС, ќе трае до 28.09.2023 година.