Скопје, 12 февруари 2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р Изет Зеќири на работна средба го прими директорот на Институтот за сеизмичка отпорни градби и климатски промени, проф.д-р Михаил Гаревски.
На средбата, ректорот Зеќири го информираше директорот Гаревски за општата состојба во високото образование, начините за негово унапредување, студиските програми во рамки на факултетите, бројот на студенти кој секоја година се зголемува, како и за продлабочувањето на соработката меѓу УМТ и на Институтот за сеизмичка отпорни градби и климатски промени, особено поврзани со плановите за проширување на УМТ во постоечките простори.