Марибор, Словенија мај 2024 година – На Универзитетот во Марибор, Словенија се одржа втората обука во рамките на проектот „Одржлива биоклиматска ревитализација на напуштени урбани простори“. Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје е водечка институција на проектот „Одржлива биоклиматска ревитализација на напуштени урбани простори“ (SBRAUS) поддржан од програмата Еразмус +, партнери на овој проект се неколку европски факултети од областа на архитектура од престижни универзитети како што се: IUAV (Венеција, Италија), Универзитетот во Марибор (Словенија), Hochschule Anhalt (Десау, Германија) и Универзитетот во Тесалија (Волос, Грција).
Во рамките на овој проект, се одржа тродневната обука каде претставниците на овие универзитети и претставниците на УМТ разговараа за за зелените урбани стратегии за градовите и јавните површини на отворено.Проектот SBRAUS го координираат: проф. д-р Радмила Томовска, доц. м-р. Аделина Фејза и доц. м-р. Фјола Пустина од Факултетот за градежништво и архитектура, како и Илир Идризи и Арта Аџиу Адеми од Секторот за меѓународни односи при УМТ.