Скопје, 25.09.2024 – На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, започна традиционалниот семинар на тема „ТЕКОВНИТЕ ПРАВНИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО МЕЃУНАРОДНОТО ХУМАНИТАРНО ПРАВО“ со австрискиот предавач, поранешен бригаден генерал г-дин Карл Едлингер.

Семинарот го отвори ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, во име на универзитетскиот кадар и студентите, му посака добредојде на амбасадорот на Австрија, неговата екселенција г-дин Мартин Памер за учеството на овој тридневен семинар, ректорот Зеќири исто така изрази благодарност за големиот интерес на присутните на оваа дискусија со учесници од различни институции од земјата и странство и им посака многу среќа и успех во текот на дискусијата.

Ректорот Зеќири во поздравниот говор истакна дека овој семинар, освен тоа што има теоретски карактер, ќе им послужи на сите учесници во размена на различни мислења од областа на правото, чија цел е заштита на поединци во време на војна и конфликт, каде што денес светот се соочува со нови предизвици, кои бараат наше заедничко внимание и посветеност.

„Овие случувања бараат заеднички глобален пристап за да се осигура дека технологијата се користи во согласност со нормите на меѓународното право. Тоа не е само должност на правниците и правните експерти, туку и на целото меѓународно општество“. – рече ректорот Зеќири

Амбасадорот Н.Е. г-дин Памер во својот говор пред присутните, тој упати благоарност до раководството и до целиот универзитетски кадар за продлабочувањето на соработката, особено за развојот на овој семинар, кој има за цел да се унапреди знаењето на Меѓународното хуманитарно право и да им се овозможи на присутните во нивните елаборати за време на овој тридневен семинар околу правилата на меѓународното хуманитарно право со кои се среќаваат во нивната секојдневна работа.

Учесниците на овој семинар ќе можат да анализираат една конфликтна ситуација во однос на меѓународните документи, да ја разберат правната рамка и да ги оценат постапките и однесувањата во вооружени конфликти во однос на нивната компатибилност со Меѓународното хуманитарно право.

Тридневниот семинар е инициран од професорот по германски јазик проф. д-р Изер Максути како и модератор проф. д-р Александар Петковски придружуван од панелистите, проректорот за наука и истражување проф. д-. Беким Фетаји како и проректорот за образование и студентски прашања вон. проф. д-р Фати Исени.

Во текот на тридневниот семинар ќе се разговара и за различни средства и методи на војна, вклучително и актуелни предизвици (војна во густо населени области, права и должности во ситуации на окупација, сајбер војни, автономно оружје, вештачка интелигенција во вооружени конфликти и сл.) како и индивидуална и командна одговорност во вооружени конфликти.

By