Скопје, 06.11.2024 година – Во својство на ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, придружуван од проректорот за финансии, инвестиции и развој проф. д-р Бујамин Бела беа учесници на формирањето на националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот.

Оваа иницијатива на Владата на Република Северна Македонија предводена од Министерството за образование и наука, која ќе има задача да обезбеди понатамошна одржливост на квалитетот во високото образование, како и подобрување на инвестициите во науката и услови за истражувачко-научна работа во државата.

Ова координативно тело ќе го поддржи поврзувањето со бизнис заедницата, поголема меѓународна соработка и учество во програмите за образование, наука и други истражувања.

By