Скопје, 30.10.2025 година– Во рамките на активностите за соработка со меѓународни компании за иновации и технолошки развој, на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа презентација на тема „Споделување на електрични возила, кон одржлива мобилност“, одржано од компанијата Avantcar, која е позната во регионот по своите современи решенија во областа на зелениот транспорт.

Предавањето го одржа главниот менаџер за клиенти од АВАНТКАР во Република Северна Македонија, г-дин Дарко Стефановски, кој го презентираше иновативниот концепт за споделување електрични возила за заедничка употреба, како современ модел на урбана мобилност што помага во намалување на загадувањето, бучавата и сообраќајните метежи.

За време на презентацијата беше нагласена важноста од развивање на чист и ефикасен транспорт, како и придобивките што ги носи електричната технологија во зачувувањето на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот во градот. Студентите, професорите и универзитетскиот персонал имаа можност да се запознаат со понуда на компанијата „Аванткар“, која веќе успешно работи во неколку европски земји и придонесува за еколошката трансформација на транспортниот сектор.

На крајот од предавањето, компанијата „Аванткар“ им овозможи на сите учесници да присуствуваат на практична сесија на терен, за да го видат одблизу работењето на електричните возила и имплементацијата на концептот за одржлива мобилност.

„Аванткар“ е една од водечките компании во областа на одржлива мобилност и електричен транспорт, со над 15 милиони километри поминати со 100% електрични возила, станувајќи успешен пример за развој на еколошкиот транспорт. Оваа соработка претставува важен чекор за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe кон изградба на позелен, поиновативен и поотворен кампус кон одржливи технологии.

By