Скопје, 08.09.2026 – По повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, претставници од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, предводени од проректорот за образование, проф. д-р Фати Исени, и проректорот за финансии, инвестиции и развој, вонр. проф. д-р Бујамин Бела, учествуваа на свечениот прием организиран од Собранието на Република Северна Македонија, под покровителство на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши.

На овој државен настан, на кој присуствуваа високи институционални претставници, дипломатскиот кор, пратеници, поранешни носители на јавни функции и меѓународни партнери на земјата, беше направен осврт на тридеценискиот пат на државата и предизвиците за изградба на стабилни и функционални институции.

Во своето поздравно обраќање, претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, ја истакна важноста од изградбата на модерна правна држава, во која законите еднакво се применуваат за сите, администрацијата останува во служба на граѓаните и се консолидира заедничката визија за полноправно членство во Европската Унија.

Како јавна високообразовна институција основана од самото Собрание на Република Северна Македонија, УМТ останува посветен да биде образовен и научен столб во развојот на општеството, придонесувајќи директно во подготовката на нови кадри кои ќе ја унапредуваат европската перспектива и демократскиот напредок на земјата.

By