Хрватска, 24.09.2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот „Јурај Добриле“ од Пула, Хрватска, потпишаа договор за соработка. Договорот го потпишаа ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и ректорот на Универзитетот во Пула, проф. д-р Маринко Шкаре. На потпишувањето на договорот присуствуваше и делегација на УМТ, предводена од проректорот проф. д-р Фати Исени, како и проф. д-р Зоран Трифунов и проф. д-р Владимир Китановски.

Главниот фокус на соработката е развивање заеднички студиски програми на магистерско ниво. Договорот опфаќа и научноистражувачка дејност, размена на студенти и академски кадар, како и заедничко учество во проекти финансирани од Европската Унија.

Во наредниот период, двата универзитета ќе работат на утврдување на студиските области и на неопходните чекори за реализација на заедничките студиски програми од втор циклус.

By