На 13–14 февруари 2026 година, успешно се одржа почетната средба на проектот „CRAFT-VET Revitalizing Albanian Artisanal Heritage Through Smart Manufacturing and Circular Economy Skills“, со што официјално започна соработката во рамките на програмата Erasmus+, Capacity Building in VET. Проектот е координиран од Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје и има за цел модернизација на стручното образование во секторот на занаетчиството. Овој проект е координиран од вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, проректор за меѓународна соработка.
Во првиот ден беше презентирана општата рамка на проектот, структурата на управување и развојот на нови наставни програми, насочени кон дигитални компетенции и иновации. Партнерите дискутираа и за интеграцијата на напредни технологии во наставниот процес.
За време на сесиите беше разгледан концептот на Smart Craft Labs, употребата на 3D дизајн и дигитални алатки, како и поврзувањето на традиционалните занаети со циркуларната економија и еколошката одржливост.
Вториот ден беше фокусиран на спроведувањето на обуките, интеграцијата на пазарот на труд, претприемништвото и стратегијата за дисеминација и долгорочна одржливост на проектот. Беа утврдени клучните индикатори и следните чекори за известување.
Средбата се карактеризираше со отворена и конструктивна дискусија меѓу партнерите, при што беа анализирани меѓузависностите помеѓу работните пакети, механизмите за комуникација, роковите за известување и непосредните чекори за имплементација. Партнерите ја споделија својата експертиза и искуства, создавајќи силна основа за ефективна соработка во текот на целиот проектен циклус.
CRAFT-VET има за цел да се справи со критичните предизвици со кои се соочуваат традиционалните занаети како обработката на дрво, текстилот, филигранот и резбата во камен, поврзувајќи ги со напредни технологии и принципи на еколошка одржливост. Преку овој трансформативен модел, проектот придонесува за зголемување на интересот кај младите генерации и развој на дигитални компетенции во секторот на занаетчиството.
Почетната средба го потврди целосниот ангажман на партнерите за успешно реализирање на целите на проектот и постави цврсти темели за спроведување на планираните активности во наредните месеци
