Скопје, 20.02.2026 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, одржа работна средба со директорот на Центарот за јавно здравје во Скопјe, г-дин Муамет Демири, со цел продлабочување на институционалната соработка во областа на јавното здравство, образованието и научните истражувања.

За време на средбата, ректорот Фетаји беше придружуван од проректорката, вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили, деканот на Факултетот за технолошки науки, вонр. проф. д-р Олга Поповска и г-дин Дритон Зендели. Како претставник од Центарот за јавно здравје во Скопјe, на средбата учествуваше и г-ѓа Ерјона Шаќири. Соговорниците разговараа за конкретни можности за вклучување на студентите од УМТ во професионални пракси во Центарот за јавно здравје во Скопјe, како и за развој на заеднички истражувачки проекти, стручна обука и активности што придонесуваат за унапредување на јавното здравје.

By